Завар, компанијата специјализирана за заварување, процесна опрема, иновативен дизајн на грејни тела и ентериери од метал, одбележа 30 години постоење. Компанијата се раѓа од мала семејна инцијатива во 1988 година основана од Јован Наумовски еден од најценетите експерти по заварување во тогашна Југославија и се развива во модерна, глобално присутна компанија.

Завар како производител на процесна опрема за преработувачките индустрии, како хемиската, фармацевтската, прехранбената и други, е присутен на глобалните пазари за што соодветно е сертифициран и ги применува највисоките стандарди.

Comments are closed.