Халкбанк АД Скопје ја организираше првата хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN во Маврово со цел поттикнување на здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.

Учесниците се натпреваруваа во две категории: ПРО и ХОБИ. Победниците во ПРО категоријата беа наградени со ваучер за Garmin часовник во износ од 30.000 денари, ваучер за спортска опрема од 15.000 денари и ваучер за спортска опрема од 9.000 денари соодветно за 1во, 2ро и 3то место. Во категоријата ХОБИ наградите беа ваучер за Garmin часовник во износ од 20.000 денари, ваучер за спортска опрема од 6.000 денари и ваучер за спортска опрема од 3.000 денари соодветно за освоено 1во, 2ро и 3то место.

HALK VELO GREEN трката се одржа според правилата и протоколите пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

Comments are closed.