Компанијата Philip Morris International со инвестиција од околу 1 милијарда американски долари, во рок од 4 години изгради една од најсовремените фабрики во Европа наменета исклучиво за производство на несогорлив тутун кој се користи за IQOS уредите бидејќи токму тоа е новата мисија на Филип Морис – иднина без тутунски чад.

Фабриката ги следи сите највисоки стандарди, процесите се целосно компјутеризирани, во неа работат над 1,500 млади луѓе опремени со заштитна опрема, а меѓу нив владее беспрекорен ред и целосна автоматизација.

Компанијата во фабриката произведува сопствена електрична енергија преку соларните панели поставени на кровот на објектот, а со тоа се грижи за животната средина, па оттука е јасна и стратегијата на Филип Морис да се менува и оди напред.

Comments are closed.