Сите Проекти

Промоција на комплетно ново мени во Дистрикт

Distrikt Bar&Kitchen го промовираше своето целосно ново мени, креирано од вештите раце на шеф Кирил и неговиот тим. Редовните посетители на Дистрикт имаа можност преку giveaway на социјалните мрежи да добијат бесплатно дегустирање на новото мени. Дополнително, на дегустацијата присутни беа и голем дел од познатите македонски инфлуенсери. Целиот настан се одвиваше согласно сите препораки за заштита од новиот корона вирус.

Фабрика на иновациите која ги поместува границите на технолошкиот развој

Компанијата Philip Morris International со инвестиција од околу 1 милијарда американски долари, во рок од 4 години изгради една од најсовремените фабрики во Европа наменета исклучиво за производство на несогорлив тутун кој се користи за IQOS уредите бидејќи токму тоа е новата мисија на Филип Морис – иднина без тутунски чад. Фабриката ги следи сите највисоки стандарди, процесите се целосно компјутеризирани, во неа работат над 1,500 млади луѓе опремени со заштитна опрема, а меѓу нив владее беспрекорен ред и целосна автоматизација. Компанијата во фабриката произведува сопствена електрична енергија преку соларните панели поставени на кровот на објектот, а со тоа се грижи за животната средина, па оттука е јасна и стратегијата Read more

Huawei го претстави Mate Xs на стриминг настан и организираше медија дружба во Македонија каде уредот беше достапен за тестирање

Huawei го претстави Mate Xs смартфонот на стриминг настан, а новиот флексибилен уред на преклоп им беше достапен на претставниците на медиумите да го испробаат на медија дружбата која се одржа во Скопје. Huawei Mate Xs има екран од 6,6-инчи од предната страна, од задната 6,38 инчи, а кога уредот целосно ќе се отвори, вкупната дијагонала на дисплејот изнесува 8 инчи. Овој уред го покренува брзиот Kirin 990 5G процесор, а поседува вкупно четири камери. Главната камера има 40MP, а тука се уште и камерите од 8MP, 16MP, како и 3D depth-sensing камерата. Оперативниот систем е Android 10, со EMUI 10 интерфејс. Поради високата цена од 2499 евра (8GB/512GB), флексибилниот Read more

IQOS – новото име во светот на пушачите

Филип Морис како компанија која ги следи светските трендови и желбите на потрошувачите, создаде нов електронски производ на база на никотин наречен IQOS (I Quit Ordinary Smoking) со цел да ги замени конвенционалните цигари и нивната штетност со една далеку поздрава алтернатива со модифициран ризик. Иако многу подолго на пазарот се присутни ,,вејпинг” производите, ниту еден од нив сѐ уште нема дозвола за комерцијализација од Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA), ниту пак има дозвола да се класифицира како производ со модифициран ризик како IQOS. Уредот IQOS е систем кој го загрева, но не го гори тутунот, а со тоа значително ja намалува изложеноста на штетни и потенцијално Read more

Филип Морис го лансираше IQOS во Македонија

Иновативниот уред IQOS кој направи револуција во тутунската индустрија е веќе достапен на нашиот пазар. Компанијата Филип Морис Интернешнeл има за цел да создаде иднина без чад и да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, а со тоа прави целосна трансформација во оваа индустрија. Филип Морис е водечка меѓународна тутунска компанија која се занимава со производство на цигари, производи без чад и придружни електронски уреди и додатоци, како и други производи кои содржат никотин. Компанијата ја гради својата иднина на оваа нова категорија на производи без чад кои, иако не се без ризик, се далеку подобар избор отколку Read more

Реновирани сите 19 мостови во вториот дел на Градски парк со донација од Халкбанк кон Град Скопје

Халкбанк АД Скопје како општествено одговорна компанија со донација ги реновираше сите 19 пешачки мостови во Градскиот парк Скопје. Овој проект е дел од HalkEco платформата. Проектот опфати замена на дрвените подови на мостовите со нови, поквалитетни материјали отпорни на климатските влијанија, премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија, поставување на рампи и други зафати со кои мостовите станаа побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави. Билал Суџубаши изјави дека во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на активности што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.