The children form the SOS Children village, along with the Skopje Marriott Hotel, have put together authentic and unique Christmas decorations that will be sold and donated
Децата од СОС Детско село заедно со Скопје Мериот Хотел, изработија автентични и уникатни новогодишни украси кои ќе бидат наменети за продажба и донирање. Како гости на Скопје Мериот, во склоп на еднодневната креативна работилница, децата од овој центар креираа новогодишни украси од најразлични материјали и бои, што ги обезбеди хотелот. Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе и со тоа да донира за СОС Детско село. За таа намена е поставена и донациска кутија од СОС Детско село.