Уредите од серијата HUAWEI P30 се најнапредни паметни телефони на компанијата до денес со кои корисниците можат да снимаат неверојатни фотографии и видеа во секое време. Водечкиот технолошки бренд Huawei денес на посебен настан во Скопје ги претстави своите нови паметни телефони Huawei P30 и Huawei P30 Pro кои на 26 март беа промовирани во Париз и веќе од следниот ден беа достапни на македонскиот пазар. Притоа, македонските купувачи кои веќе купија телефон од серијата P30 или тоа ќе го направат во првиот месец по официјалното претставување, добиваат бесплатен Premium Service кој вклучува 90-дневно осигурување за еднократна и целосно бесплатна замена на оштетениот заден панел или дисплеј како резултат на случајно стискање на телефонот.