Huawei вчера го претстави својот нов паметен телефон P Smart 2019, кој е веќе достапен и во Северна Македонија, а новиот телефон беше промовиран на специјален настан на кој присуствуваа претставници на медиуми за технологија, бизнис и забава, заедно со популарните гејмери и блогери. Со демонстрации и интерактивна дискусија, беше нагласена важноста на дизајнот, особено на бојата Aurora Blue, и големиот дисплеј со FullView од 6,21 инчи кој е 11% поголем од неговиот претходник P Smart 2018, и има способност да покаже 15% повеќе бои. Тој го поседува сертификатот TÜV Rheinland за заштита на видот, бидејќи ја намалува штетната сина светлина. Компактното 3D овално тело со керамички слој ја дополнува дизајнерската визија за моделот.