Денешниот модерен начин на живот и промените во навиките, кога поголем дел од денот го минуваме во затворени простории, со мала изложеност на сонце, доведува до дефицит на витамин Д. На тоа се надоврзува и отсуството на витамин Д во повеќето видови храна што ја консумираме.
Витаминот Д ја има една од клучните улоги во човечкиот организам. Учествува во многу процеси, а неговата примарна функција е поврзана со одржување на здравјето на коските и забите, го зајакнува имуниот систем, ја стимулира работата на мозокот и на нервниот систем, го регулира нивото на инсулин и помага за регулирање на дијабетесот. Покрај тоа, уште е и поддршка на функцијата на белите дробови и кардиоваскуларното здравје, а штити и од развој на карцином.
Синлаб лабораториите се акредитирани лаборатории во кои се изведуваат голем број специфични анализи, меѓу кои и анализа за одредување на нивото на витамин Д. Врз основа на резултатите од тестирањето, доколку постои дефицит на витамин Д, ќе може лесно да се коригира со суплементи и ќе се превенираат многу хронични нарушувања на здравјето.