Постојат повеќе видови серолошки тестови, наменети за детекција на различни видови вируси. Тие се разликуваат и по одредување на концентрација на антитела т.е. квантитативни и квалитативни.Серолошки тест може да се направи во секое време, освен во фаза на акутна инфекција (кога е присутен еден или повеќе од следниве симптоми: покачена телесна температура, треска, кашлица, состојба слична на настинка или грип) период во кој, од лабораторијата Синлаб каде се прават сите овие анализи, препорачуваат да се следат протоколите пропишани од Министерство за здравство и да се направи соодветен PCR тест кој се изведува преку брис.

PCR тестот претставува стандардна метода за таканаречено умножување и докажување на присуство на специфичен ген во случајов N-gen специфичен за SARS-CoV-2. Примерок за докажување на вирусот е брис земен од нос и грло на пациентот. PCR тестот практично е 100% специфичен (не детектира друг вирус освен оној за кој се тестира) и има висока клиничка сензитивност. Секако на добиениот резултат влијае и во која фаза од инфекција се земени брисевите.

Comments are closed.