Крлежите од родот Ixodes се преносители на бактеријата Borrelia burgdorferi која е причинител на Лајмска болест или попозната како борелиоза. Заболувањето го добило името по градот Лајм (Lyme), САД, каде за првпат е откриен голем број случаи со борелиоза. Крлеж кој не е инфициран со бактеријата не може да ја предизвика болеста, а во зависноста од регионот 10-50% од крлежите се инфицирани и потенцијални причинители на Лајмска болест. Глодарите, птиците, кучињата ги прошируваат крлежите во природата.
Лабораториско поставување на дијагноза е многу важно и треба да се спроведе по секој сомнителен убод на крлеж. Во раниот стадиум се препорачува серолошка анализа за Лајмска болест, вклучувајќи и испитување на општите параметри на воспаление: седиментација и CRP. Докажувањето на ваквите антитела се врши со помош на имуноензимски тест (ELISA) и потврда со високо специфична метода – Western blot, кои се достапни во секоја Synlab лабораторија.