Винаријата Камник, прослави 15 години постоење. Со интересна презентација на производство на вино, беше раскажана приказната за винаријата Камник на вчерашниот настан каде се одбележа овој јубилеј. Од самиот почеток на работа кога се засадени првите лозови насади, преку првата берба во 2008 година, до производството на првото вино од сопствени насади Ten Barrels Syrah, до денес винаријата Камник претставува исклучителен и реномиран производител на висококвалитетни македонски вина. Во овој период создадени се 25 различни видови вина и во процесот се искористени повеќе од 500 дабови буриња.