Мега популарните “Minions” ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најде во маркетите во Велика Британија до крајот на септември 2019-та година. „Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите “Minions” за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика “NBCUniversal”.