Речиси во сите земји низ светот, на 14 февруари се одбележува Денот на вљубените. По тој повод, Скопје сити мол во периодот од 8 до 14 февруари преку кампањата „Испрати љубов“ ќе се обиде да ги потсети сите посетители на една добра и стара, но подзаборавена навика – изјавување љубов преку романтични писма или љубовни картички и да донесе возбудлива љубовна еуфорија во градот. Со приложена фискална сметка во вредност од над 500 денари, купувачите во трговскиот ќе имаат можност да учествуваат во забавната игра „Љубовна пошта“ и да испратат љубовна картичка или љубовно писмо до своите сакани на адреси во Скопје.

No comments so far.

Напишете коментар