Двесте и педесет студенти, од академската 2018/2019 година во прв и втор степен високо образование на Меѓународниот Балкански Универзитет се стекнаа со статус дипломирани и ќе ја зголемуваат конкуренцијата на пазарот на трудот. Меѓународниот Балкански Универзитет, на свечена церемонија и во присуство на Премиерот Зоран Заев, претставници на дипломатскиот кор, пред деловната заедница од земјава и регионот како и гости од општествениот живот, ги претставите новите дипломци и постдипломци. Новодипломираните студенти беа поздравени од Претседателот на Управниот одбор на Универзитетот, г-дин Ајдован Адемоски.