Четири здравствени установи во земјава добија донација од медицински апарати од Жито Лукс. На детските оддели во Општата болница – Охрид, Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата. Преку кампањата „Подарено од срце“ со секој купен леб на парчиња од Жито Лукс се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинска опрема која ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми.