КБ Прво пензиско друштво АД Скопје , кое беше формирано со стартот на пензиската реформа во државата, речиси една ипол деценија управува со парите на нивните членови кои се издвојуваат од нивната бруто плата или самостојно за посигурни пензионерски денови. Притоа, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, кој работи во рамки на вториот пензиски столб и во кој средства за идна пензија се издвојуваат од бруто плата, со парите на своето членство управува веќе 14 години, додека КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд 10 години управува со парите кои се одвојуваат на доброволна основа за да се обезбеди поголема пензија.