Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, Жито Лукс внесува уште еден производ во своето портфолио. Станува збор за лебот Рустика од линијата Фурнаџиски лебови кој е повторно достапен во продажните места на производите на компанијата.
Лебот Рустика, омилен на многу генерации, е рачно направен од пченично и ‘ржано брашно по стариот, традиционален рецепт. Задржан е и оригиналниот изглед, со препознатливата распукана кора, посипан со брашно, како и карактеристичниот вкус на домашен леб, тукушто излезен од фурна.