Извонредните италијански романтични песни во изведба на Павле Камилоски ja доловија италијанската музичка заводливост. Целовечерниот концерт,„Мала Италија патува 2“ се одржа на 19 септември во 20.00 часот во големата сала на Македонска Опера и Балет. Во придружба на Павле Камилоски, на големата сцена настапија балетски уметници кои ја дополнија атмосферата во МОБ. Во присуство на Павле се појави светски познатиот диригент, Христо Христов а како специјален гостин настапи реномирана македонска пејачка, Наде Талевска.