Во многу случаи, нетолеранцијата на храна доведува до хронични заболувања кои обично се отпорни на конвенционалните терапии. Секоја личност има свој нутритивен профил, како резултат на индивидуални толеранции и нетолеранции. Современ тренд во медицината е идејата дека соодветната исхрана е индивидуална како отпечаток од прст и не може да биде стандардизирана. Со цел да одговори на потребата од индивидуални дијагностички методи, лабораторијата Синлаб во своето долгогодишно искуство има воведено палета тестови за нетолеранција на храна што се работат брзо и лесно во мала количина на крв или брис од букална слузница (внатрешната страна на образот).
Тестот нуди вредни информации, неопходни за да се утврди индивидуалниот профил на исхраната на секој пациент и да се изработи индивидуална диета и листа на намирници како терапевтска мерка.