Жито Лукс на пазарот лансираше нова категорија на лебови со висока нутритивна вредност. Користејќи супер состојки (познати како super foods) како што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант, понуден е асортиман од 3 нови лебови кои се вистински избор за избалансирана и здрава исхрана. Правени по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, новите лебови дополнително се збогатени со супер семки, зрна, житарки и маслиново масло за уникатно богат вкус.