Главниот снабдувач со горива во земјава одбележува 40годишен јубилеј. ОКТА 40 години е синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот. Токму годинава, компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава, го одбележува својот 40-годишен јубилеј.
Денес ОКТА го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги. Како дел од групацијата Хеленик Петролеум, компанијата е поврзана насекаде во регионот и важи за најсигурен партнер, предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати. Преку малопродажната мрежа од 26 современи бензински станици распространети ширум земјата, на крајните корисници ОКТА секогаш им гарантира точна количина и проверен квалитет.