Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал одржа почесно предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет на тема „Иднината на светот: зелена и паметна” на кое пред присутните зборуваше за најголемиот предизвик кој стои пред човештвото – Климатските промени. Притоа, тој потенцираше дека Земјата е наше заедничко живеалиште и за таа да се спаси, најголема жртва е потребна од нациите што произведуваат големи количини јаглерод. Според него, решението за овој проблем секако е економско и затоа многу е битен моделот на економскиот развој кој треба да се промени бидејќи мора да се размислува за луѓето, за нивната среќа.

Comments are closed.