Стечајната постапка во ФЕНИ, сега Еуроникел Индустри, не само што е најуспешна постапка во нашата историја, со расчистени долгови кон сите доверители, вклучително и кон вработените, туку денеска е компанија која со извоз од 200.000.000 милиони евра, учествува со 1,8 отсто во вкупниот БДП на државата, и исплатува за 30 отсто повисоки плати од просекот на своите работници, рече премиерот Зоран Заев, на годишнината од работата на фабриката под раководство на новите сопственици, компанијата ГСОЛ од Швајцарија.