Халкбанк АД Скопје како општествено одговорна компанија со донација ги реновираше сите 19 пешачки мостови во Градскиот парк Скопје. Овој проект е дел од HalkEco платформата.
Проектот опфати замена на дрвените подови на мостовите со нови, поквалитетни материјали отпорни на климатските влијанија, премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија, поставување на рампи и други зафати со кои мостовите станаа побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави.
Билал Суџубаши изјави дека во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на активности што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.