Со музика и забава и со многу гости, деловни партнери од Северна Македонија и од регионот, но и од Германија и Русија, претставници на градежната фела, како и претставници на Владата, компанијата Кнауф го одбележа големиот јубилеј – 25 години работење. Во овие две и пол децении, пренесувајќи го искуството и знаењето од германскиот гигант Кнауф и на наши простори, кој е водечки производител на материјали и системи за градба на глобално ниво и бренд кој претставува синоним за квалитет и иновативност, Кнауф во земјава прерасна во лидер во воведувањето новитети во градежништвото.