“Критериум за влез во НАТО веќе со години е решавање на прашањето за името. Единствено што во овој момент се чека е писмото од Грција. Ако во писмото од грчкото МНР стои чиста формулација дека Македонија треба да добие покана, тоа ќе биде клучно Македонија да добие покана за членство во Алијансата“, истакна Стево Пендаровски, Национален Координатор на Македонија за НАТО на трибината под наслов „Позитивните и негативните аспекти за членството на Македонија во НАТО“ во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД). Според Туна Ејуп Кахвеџи, претседателна ИСД, во овие денови кога перцепцијата доаѓа пред реалноста, голема способност е да се стигне до прецизни информации од релевантни извори, а потоа и до соодветни решенија базирани на таквите информации, поради што и се организира трибината.