Планот поднесен од ГСОЛ, за реорганизација на ФЕНИ Индустри, пирометалуршка фабрика за производство на фероникел во Кавадарци, е конечен, како што соопшти Судот во Велес. Со соопштението на Судот се потврдува правосилноста на Планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри, и истиот претставува извршен документ во согласност со одредбите од Законот за стечај.