Педесетина студенти од Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, беа во посета на првата фабрика за одгледување и производство на екстракти од коноп во Македонија, НЈСК ХОЛДИНГ. Посетата е резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу НЈСК ХОЛДИНГ и Фармацевтскиот Факултет. Студентите имаa ексклузивна можност во пошироки рамки да се запознаат со одгледувањето на медицинскиот коноп.