Во ФЕНИ Индустри е успешно рестартиран производниот процес. Електро-печката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репро-материјали за континуирано производство.
Рестартирањето на комбинатот следи по само 3 седмици интензивни подготовки и набавки. Меѓу вработените, повеќе од 700, владее огромно задоволство и мотивираност. Покрај исплатата на долговите кон вработените од страна на Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ во Македонија, со рестартирањето на комбинатот повторно заживуваат бројни компании и од Кавадарци и од цела Македонија преку набавките за потребите на ФЕНИ.