Филип Морис Интернешнл (PMI) ја освои наградата за иновации за 2020 година на Business Intelligence Group (BIG) во категоријата „Организација”. Наградата на компанијата ѝ беше доделена за иновациите кои ги пласира на пазарот во време кога ја продолжува целосната деловна трансформација за да обезбеди иднина без чад и да ги замени цигарите со подобри алтернативи за оние возрасни лица кои инаку би продолжиле да пушат. Лидер во иновацијата е IQOS, уред кој го загрева а не го гори тутунот, и на тој начин го елиминира чадот и ослободува околу 95% помалку штетни состојки притоа овозможувајќи го потребното и бараното искуство на возрасните пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушење. Притоа, IQOS е прв, но не и единствен производ од портфолиото на производи со намален ризик на PMI.