Врвни научници од Филип Морис Интернешанал повеќе од една деценија работеа и го создадоа уредот кој може да одговори на растечката потреба на возрасните пушачи кои не можат да се откажат од пушењето и кои сакаат притоа да водат сметка за своето здравје и својата околина. IQOS е уред кој не го согорува тутунот и со тоа, како што е и научно докажано, произведува 90-95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите, што овој уред го прави подобар избор за здравјето на возрасните пушачи отколку да продолжат да пушат. Клучна разлика меѓу традиционалните цигари и IQOS е во процесот на согорување на тутунот што е присутен при пушењето цигари, додека во случајот на IQOS тутунот се загрева, но не согорува. При согорувањето на тутунот во процесот на пушење цигари, се ослободува тутунски чад кој содржи голем број штетни состојки, a токму овие состојки се главни предизвикувачи на болестите поврзани со пушењето.