Антителата се клучен дел од нашата имунолошка одбрана. Тие се создаваат во белите крвни клетки за да се идентификува и неутрализира причинителот кој е непознат за имунолошкиот систем. Антителата на КОВИД- 19 се протеини кои се јавуваат како имунолошки одговор кај заразени пациенти или оние кои биле во контакт со вирусот SARS-CoV-2.

Со одредување на антитела од класите на ИгГ, ИгМ и ИгА може да се докаже мината

инфекција или инфекција во тек со SARS-CoV-2. Инфекцијата може да помине и без

симптоми или со многу благи симптоми, кои се сметаат за назначајни. Постои квалитативно и квантитативно одредување на ИгГ, ИгМ и ИгА антитела.

Лабораторијата Синлаб врши испитување на ИгГ, ИгМ и ИгА класи на антитела, присуството на aнтителата се докажуваат во крвта на пациентот, а за нивна детекција, Синлаб врши безбедно и точно испитување, доколку притоа е запазен периодот од 1 до 4 седмици од инфекција т.е контакт.

Comments are closed.