На 20 ноември, на глобално ниво, УНИЦЕФ го одбележува Светскиот ден на децата, промовирајќи ги нивните права и борејќи се за нивната добросостојба. Со своите партнери во повеќе од 190 земји, прави посебни напори за да допре до најранливите категории деца, а на тој начин да придонесе за безгрижно детство ширум светот. Оваа година Џевахир Холдинг ја поддржа целта на светската кампања на оваа организација, осветлувајќи ги круните на Џевахир Скај Сити зградите, во сина боја.