Филип Морис како компанија која ги следи светските трендови и желбите на потрошувачите, создаде нов електронски производ на база на никотин наречен IQOS (I Quit Ordinary Smoking) со цел да ги замени конвенционалните цигари и нивната штетност со една далеку поздрава алтернатива со модифициран ризик.
Иако многу подолго на пазарот се присутни ,,вејпинг” производите, ниту еден од нив сѐ уште нема дозвола за комерцијализација од Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA), ниту пак има дозвола да се класифицира како производ со модифициран ризик како IQOS. Уредот IQOS е систем кој го загрева, но не го гори тутунот, а со тоа значително ja намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни супстанци кои се ослободуваат при горење на тутунот. Појавата на IQOS претставува иновативна, научно поткрепена револуција во тутунска индустрија.