Во септември 2018 година, во хотел Александар Палас, се одржа конференцијата Macedonia Manufacturing Expo организирана од Асоцијацијата на металната и електро индустријата во Македонија (МАМЕИ), наменета за компаниите од оваа индустрија. Целта на конференцијата е обединување на компаниите од овие сектори и бизнис услуги и поддршка за нивниот развој, поврзување на бизнисите, зголемување на меѓусебната соработка, обезбедување заеднички настап на домашни и странски Б2Б настани и саемски претставувања, како и организирање подобро позиционирање на компаниите пред странските инвеститори.