ОКТА АД – Скопје следејќи го примерот на Групацијата Хеленик Петролеум започна процес на преобразба од нафтена компанија во модерна енергетска компанија која во своето портфолио ќе ги додаде производството на електрична енергија од обновливи извори и снабдувањето и менаџирањето на енергија на своите клиенти. На крајот на август беше пуштена во употреба фотоволтаичната централа која ОКТА ја донираше на Факултетот за електротехника и информатички технологии. Компанијата ОКТА наскоро ќе почне со производство на струја и од 100kV фотоволтаичната централа што ја инсталираше во Струмица. На чело на тимот кој има задача да ја воведе компанијата во електроенергетскиот пазар е Ристо Јаневски, Директор на Стратешко планирање и развој во ОКТА. Јаневски е дипломиран електроинженер и доктор на науки во оваа област, а во ОКТА работи веќе 23 години.

Comments are closed.