Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби негатоскопи односно опрема дизајнирана за читање на рендгенските х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза. Станува збор за донација од компанијата Жито Лукс која се спроведува во рамките акцијата „Сè за децата“ на таа јавна здравствена установа. Загадувањето на воздухот е актуелен проблем кој е причина за голем број респираторни заболувања кај луѓето. Најпогодени од целата ситуација се децата и токму затоа нашето внимание, како општествено одговорна компанија, го насочивме кон детските здравствените институции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.