Генералниот директор на Филип Морис ТКП, Михаел Солтер изјави дека за 2021 година, желба на компанијата е да се користат предизвиците за промена на подобро.

Тој вели дека 2020 е година која долго ќе остане во нашите сеќавања, иако за некого тешка, за некого успешна, за сите исполнета со предизвици. Година во која се соочивме со исклучителниот предизвик на COVID-19, стравувавме и сѐ уште стравуваме за нас, за нашите најблиски, за нашите вработени и за нашите бизниси. Најголемата цивилизациска придобивка која ја донесе оваа пандемија, од социолошки аспект, настрана од технолошките пронајдоци е грижата што ја развивме еден за друг и за околината воопшто. Филип Морис е компанија која години наназад препознава дека иновациите претставуваат симбол за раст и промени на подобро. „Неопходноста“ од која се водиме е да го решиме проблемот со пушењето на различен начин од претходните, очигледно неуспешни, конвенционални обиди. Се посветивме на таа цел пред 15 години, кога ставајќи ја науката во сржта на нашите бизнис операции, започнавме да бараме помалку штетно решение за оние пушачи кои не се подготвени да се откажат од цигарите. Така е создаден IQOS. Пред пет години револуционерна иновација, денес добро познат производ кој го загрева, наместо да го гори тутунот и со тоа се елиминираат повеќето штетни и потенцијално штетни материи што се наоѓаат во чадот од цигарите.

Локално, 2020 година ќе ја паметиме по тоа дека нашиот иновативен производ влезе на македонскиот пазар. Глобално, Филип Морис ќе ја памети 2020 година и по одлуката донесена од страна на светски реномираната агенција за заштита на јавното здравје, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука да го класифицира IQOS системот во категоријата на производи со модифициран ризик.

Изминатава година беше една голема животна поука, што верувам дека ќе нè води напред во исто така неизвесната 2021 година.

Comments are closed.