Жито Лукс, како најголем производител на леб и брашно во земјава и воедно општествено одговорна компанија, постојано реализира бројни донации за институции, установи, ранливи групи и останати организации кои имаат потреба од помош.

Компанијата во текот на 2020-та година оствари донација во Народната кујна во Шуто Оризари и со тоа помогна на повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик. Исто така реализираше и донацијанаменета за групата за самопомош на еднородителски семејства One Can, која се состоеше од леб, брашно и колачи за потребите на еднородителските семејства кои се дел од оваа група.

Светскиот ден за борба против гладта Жито Лукс го одбележа со донација за Црвен крст од палетата на нивните производи.  Компанијата во повеќе наврати исто така донираше во Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле каде што донираше леб, брашно и колачи соодветно на потребите на здравствената установа. Со донација е поддржан и проектот Среќа, каде Жито Лукс донираше за децата кои живеат во супстандардни услови и доаѓаат од  рурални средини. Сите овие проекти се насочени кон подобар квалитет на живеење на овие групи.

Comments are closed.