Новата програма за стипендирање на МБУ, предвидува стипендија за оние ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда извадена од средното училиште, а идните студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина.

На идните студенти, универзитетот им нуди студии од светски ранг и кампус кој ги исполнува сите стандарди на врвен универзитет. Модерниот, квалитетен, фокусиран на студентите и кариерно-ориентиран образовен систем на студентите им нуди и примена на програмата Еразмус+ и целосна стипендија за студентска мобилност во еден од 200-те универзитети во 40-тина земји од светот со кои МБУ соработува. Дипломата од МБУ гарантира започнување на кариера веднаш по дипломирањето.

Comments are closed.