Најголемиот трговски центар во земјава Скопје Сити Мол започнува со кампања наречена „Некултурата не е инвалидитет“ којашто има за цел да помогне во подигање на свеста на населението за правата на луѓето со инвалидитет и тоа конкретно за правото да можат да ги користат паркинг местата кои се наменети за нив, а кои многу често се узурпираат од несовесни возачи. Кампањата е поддржана од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за труд и социјална политика, од Здружение на лица со параплегија и квадриплегија – Без ограничувања и од движењето против хендикеп Полио Плус.