„Јас внимавам“ е новата кампања на ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи насочена кон зголемување на свесноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности и доделување награди за совесните возачи. Дополнително, едукативни сообраќајни полигони ќе бидат донирани во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, а кампањата вклучува изведување театарска претстава на тема безбедноста во сообраќајот, а ќе бидат дистрибуирани и боенки со основните сообраќајни правила.Содржината на кампањата и дефинираните проблеми во сообраќајот се создадени во соработка со Министерство за внатрешни работи кои ќе ја дадат својата поддршка во текот на одвивањето на сите активности.

No comments so far.

Напишете коментар