Линијата Супер лебови на Жито Лукс се состои од 3 вида производи, интегрален леб со супер семки – чија и тиква, интегрален леб со супер житарки – овес и спелта и интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант. Овие лебови ја заслужуваат титулата „супер“ поради одличната хранлива вредност, состав и вкус.
Супер лебовите не содржат бои, конзерванси, додадени шеќери и палмина маст, а изобилуваат со состојки кои важат за „супер храна“. Направени се исклучиво од цели зрна жито и од природни и здрави состојки кои се минимално обработени. Искористете ги супер лебовите за да си подготвите автентични италијански брускети, протеински појадок со путер од кикиритки или пак брза ужина со варено јајце.