Линијата Супер лебови на Жито Лукс се состои од 3 вида производи, интегрален леб со супер семки – чија и тиква, интегрален леб со супер житарки – овес и спелта и интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант. Овие лебови ја заслужуваат титулата „супер“ поради одличната хранлива вредност, состав и вкус.

Супер лебовите не содржат бои, конзерванси, додадени шеќери и палмина маст, а изобилуваат со состојки кои важат за „супер храна“. Направени се исклучиво од цели зрна жито и од  природни и здрави  состојки кои се минимално обработени. Искористете ги супер лебовите за да си подготвите автентични италијански брускети, протеински појадок со путер од кикиритки или пак брза ужина со варено јајце.

Comments are closed.