Со многу музика и забава, многу деца и врвулица од луѓе, вчера во Градскиот парк во Скопје, кај популарната „школка“ се одржа тричасовен хепенинг со кој Халк банка ја претстави својата најнова понуда –„ризико“ кредити со животно осигурување која банката ја реализира во партнерство со Кроација осигурување живот.
Во текот на настанот 60 дечиња од три основни училишта со моливи, бои и четкички го доловуваа своето сфаќање и видување на темата „Животот е убав“ под чие мото се организираше настанот. Креативните детски рачиња создадоа цртежи кои ќе помогнат, барем донекаде, животот да биде поубав и за децата од Домот за деца без родители 11 Октомври. Сите создадени дела на малите уметници ќе бидат изложени во филијалата на Халк банка и во текот на ноември понудени на продажба на деловните клиенти на банката, а собраните средства потоа ќе бидат донирани во Домот.

No comments so far.

Напишете коментар