Халкбанк АД Скопје во склоп на активностите од платформата HalkEco, го уреди зелениот корнер во ТЦ Лептокарија. Халк Kорнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема, неколку реквизити за деца, соодветна подлога како и систем за наводнување. На ова урбанизирано катче се работеше два месеци, а со неговата реализација се разубавува градскиот пејзаж на една од најфреквентните локации во општина Карпош.

По повод отвoрањето на овој корнер, од страна на Халкбанк беше организирана симболична дружба со пријатна музика и честење за жителите.

Comments are closed.