Huawei го претстави Mate Xs смартфонот на стриминг настан, а новиот флексибилен уред на преклоп им беше достапен на претставниците на медиумите да го испробаат на медија дружбата која се одржа во Скопје. Huawei Mate Xs има екран од 6,6-инчи од предната страна, од задната 6,38 инчи, а кога уредот целосно ќе се отвори, вкупната дијагонала на дисплејот изнесува 8 инчи. Овој уред го покренува брзиот Kirin 990 5G процесор, а поседува вкупно четири камери.

Главната камера има 40MP, а тука се уште и камерите од 8MP, 16MP, како и 3D depth-sensing камерата. Оперативниот систем е Android 10, со EMUI 10 интерфејс. Поради високата цена од 2499 евра (8GB/512GB), флексибилниот уред нема да се продава во Македонија, но сите заинтересирани можат да го набават во некоја од европските држави или во САД.

На стриминг настанот беа претставени и таблет уредот Huawei MatePad Pro 5G, лаптопот Matebook, Huawei Wi-Fi AX3 и Huawei 5G CPE Pro 2, како и две решенија за поврзување со Wi-Fi 6+ мрежа.

Comments are closed.