Нашиот најголем производител на леб, компанијата Жито Лукс го претстави дополнувањето на линијата лебови на парчиња со новиот член на XL семејството, XL Бриош леб. Станува збор за пакување од 500 г. со ХL парчиња.

Бриош лепчето, кое е добро познато на потрошувачите, се карактеризира со специфична арома на путер, исклучителна мекост, препознатлива златно-кафена кора што му дава неверојатен целосно заокружен вкус, произлезен од француските рецепти за ваков тип леб.

Со повеќе од 70 години постоење и доверба укажана од консументите, Жито Лукс е компанија за која традицијата претставува иновативност и постојано подобрување. Компанијата постојаното пласира иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите.

Comments are closed.