Компанијата ОКТА започна акција за доделување рефлектирачки приврзоци на сите првачиња на територијата на Скопје. Донацијата стартуваше од ОУ КочоРацин, а ќе продолжи во преостанатите 75 основни училишта со што ќе бидат опфатени речиси 7.000 првачиња во вкупно 10 општини. Активноста е дело oд кампањата за поголема безбедност во сообраќајот, „Јас внимавам“, која што компанијата втора година по ред ја спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи.Оваа донација е потврда за грижата и придонесот на ОКТА за безбедно движење на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот.