Голем број граѓани, во октомври минатата година, на Кејот на Вардар џогираа, но со себе носеа и ќеси во кои собираа пластични шишиња и други отпадоци кои беа расфрлани на кејот. Тие одговорија на повикот и се придружија на вработените од хотелот Мериот кој, во соработка со Амбасадата на Шведска, во Скопје го организираше првиот Plogging настан во Македонија – светски позната акција за џогирање и собирање ѓубре. Од Камениот мост, учесниците во настанот трчаа во должина од 2,1 километри по патеката на кејот и освен што се рекреираа, направија и нешто корисно за животната средина.

No comments so far.

Напишете коментар